Дваесет и шести ден од антивладините протести во Бугарија

Од:

Во центарот на Софија денеска три големи крстосници се блокирани со шаторски капмпови на 26. ден од антивладините протести.

Десетина луѓе ја поминаа ноќта во трите шаторски кампа во Софија.

Демонстрантите бараат оставка од Владата на премиерот Бојко Борисов и државниот обвинител Иван Гешев.

Протестите се одвиваат во мирна атмосфера без тензии помеѓу полицијата и демонстрантите.

Се уште е блокиран и пристапниот пат кон автопатот Тракија на излезот од Стара Загора, јужна Бугарија, каде исто така е поставен шаторски камп.

Полицијата апелира до демонстрантите да го почитуваат јавниот ред и да не наседнуваат на провокации.

Би можело да ве интересира

Пет протести пред бугарското Народно собрание за време на дебатата за гласање недоверба на владата на Петков

Нов антивладин протест во Бугарија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Продолжуваат антивладините протести во Бугарија

Ана Ололовска

ЕК и порача на Бугарија дека употребата на сила мора да биде пропорционална

Ана Ололовска

ГЕРБ: Ја поддржуваме полицијата, бугарската Влада нема да поднесе оставка

Ана Ололовска

ВИДЕО: Над 120 приведени и 100 повредени полицајци на протестите во Бугарија

Ана Ололовска