Членовите на Конфедерацијата на синдикати на државните службеници во Турција (КЕСК) денеска стапија во генерален штрајк и се придружија на протестите.
КЕСК соопшти дека штрајкот најверојатно ќе продолжи до утре вечер.
– Првично планиравме да стапиме во штрајк на 5 јуни со барање за зголемување на безбедносните услови при работа и за зголемување на платите. Поради протестите го сменивме датумот и се приклучуваме на демонстрантите, изјави претставник на КЕСК.
Организаторот наведе дека поголемиот број синдикалци учествуваат во штрајкот, а нивниот број изнесува околу 250.000 луѓе.
– Како дополнување на првичните барања, протестираме и против политиката на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), посочи претставникот на КЕСК.