Државниот долг на Црна Гора изнесува 1,77 милијарди евра

Од:

Државниот долг на Црна Гора на крајот на јуни изнесувал речиси 1,77 милијарди евра, или 50,1 отсто од проценетиот бруто домашен производ (БДП), соопшти Министерството за финансии во Подгорица.


Буџетскиот дефицит за првите шест месеци од годинава изнесувал 79,6 милиони евра.


Според податоците на Министерството за финансии, внатрешниот долг на земјата изнесувал 442 милиони евра, а надворешниот 1,32 милијарди евра.


Од Министерството соопштуваат дека нето приливот на директни странски инвестиции во периодот од јануари до крајот на мај изнесувал 112,12 милиони евра, односно за 5,5 отсто помалку во однос на истиот период минатата година.


Вкупната надворешнотрговска размена од почетокот на годинава до крајот на мај изнесувала 841,8 милиони евра, што е 2,8 проценти пониско во однос на истиот период лани.


Дефицитот во стоковата размена изнесувал 510,9 милиони евра или 9,8 отсто помалку.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски