Драган Човиќ: Федерацијата не може да биде бошњачки ентитет

Од:

Претседателот на ХДЗ во БиХ Драган Човиќ изјави дека Хрватите не очекуваат од Србите да им помагаат во решавањето на нивниот статус, туку долгорочно да размислуваат за својата позиција како народи во БиХ.

Во интервју за бањалучките „Независне новине“, Човиќ изјави деја ХДЗ во БиХ се залага за решенија што ќе ги задоволат трите страни и дека тргнуваат од тоа дека е потребно да се обезбеди рамноправност на сите.

-Ќе има, секако, секогаш од оние кои БиХ ја доживуваат како бошњачка држава во која доминираат муслиманите. Но, длабоко верувам дека има повеќе од оние кои БиХ сакаат да ја видат во ЕУ и да ги прифатат стандардите што таму владеат, истакна тој.

Тој не смета дека на Хрватите треба да има помагаат Србите во БиХ, туку кога претставниците на Република Српска стојат зад некое нивно размислување, тие всушност долгорочно размислуваат за својата позиција како народи во БиХ.

Во последните 10 години во ФБиХ се создава впечаток  дека таа полека станува ентитет на бошњачкиот народ,но ние тоа не можеме да го прифатиме, ниту да го дозволиме, рече Човиќ.

Тој изрази уверување дека од 1 јули, кога Хрватска ќе влезе во ЕУ, работите ќе тргнат на подобро и за БиХ и за Хрватите во оваа држава, бидејќи во Хрватска ќе имаат вистински пријател.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски