Доживотен затвор за убијците на Јован Вукотиќ – го следеле со месеци, а потоа го убиле со пет истрели

Од:

Во Турција е изречена пресуда за убиството на водачот на „Шкаљарскиот клан“ Јован Вукотиќ.

Јакуп Доган и Емирџан Сумер беа идентификувани како директни извршители. Покрај нив доживотен затвор добија Радоје Живковиќ, Жељко Бојаниќ и Здравко Перуновиќ.

Вукотиќ беше убиен на 8 септември 2022 година во Истанбул, а за неговото убиство беа обвинети 16 лица, меѓу кои и членови на кланот Кавач и турската мафија.

Деталите за убиството, како и настаните пред и по него, беа откриени на судењето пред кривичниот суд во Истанбул.

Вукотиќ бил постојано следен со помош на GPRS уред поставен во неговиот автомобил.

По истрагата, обвиненија беа поднесени против Радоје Живковиќ (40), познат по прекарот „Марио“, Здравко Перуновиќ (50) познат како „Питбул“ и Милан Вујотиќ (44).

Освен нив, обвинети се за помагање: Асије Јуксел (51), Ајше Сипахи (45), Мурат Полат (51), Џемре Мурат Чалиш (31), Емирџан Сумер (25), Еланур Туни (23), Ерди Ертан (36), Есат Чандан (36), Фуркан Јешил (29), Емре Карагаш (21) и Нијашар (21) Јагандази (21).

Милан Вујотиќ беше ослободен од обвинението за убиство, но беше осуден за помагање на криминална организација. Укинат му е и куќниот притвор.

Емре Карагач, кој во моментот на убиството бил во возилото како возач на Јован Вукотиќ, е ослободен од сите обвиненија.

Според пишувањата на турските медиуми, Обвинителството изјавило дека убиството на Вукотиќ е продолжение на пресметката меѓу клановите од Црна Гора. Се нагласува дека членовите на организацијата, во која имало значителен број турски државјани, по инструкции на Радоје Звицер работеле на лоцирање на Вукотиќ и дека успеале да откријат дека тој престојувал во Истанбул.

Во обвинението беше наведено дека по извесно време мафијашката група во Турција имала за цел да организира напад врз Вукотиќ користејќи ја нивната моќ и ресурси со кои располагале и во таа насока стапиле во контакт и со криминалната организација предводена од Бинали Чамгоз.

Двајца напаѓачи на мотори отвориле оган врз автомобилот на Вукотиќ во септември 2022 година, а потоа избегале. Во Вукотиќ испукале вкупно пет куршуми.

Десет дена подоцна, група црногорски и турски државјани беа уапсени под сомнение дека се одговорни за тоа убиство.

Би можело да ве интересира

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Соработникот на Вукотиќ „паднал“ во кафуле, ќе одговара за планирање на повеќе убиства

А1он

Кој му дал македонски пасош на убиениот лидер на „Шкаљарите“?

Горан Наумовски

Водачот на црногорскиот Шкаљарски клан кој имаше лажен македонски пасош убиен во Истанбул

Катерина Ѓуровски