Донација од Швајцарија за враќање на имигранти во БиХ

Од:

Швајцарската Влада ќе донира околу 600.000 франци за доброволно враќање илегални имигранти од БиХ во државите од каде потекнуваат, изјави денеска директорот на швајцарската Канцеларија за соработка со БиХ Јозеф Гинтерн.

Донацијата ќе биде дел од проектот Доброволно враќање на илегални имигранти кои се во БиХ, кои како што вели Гинтерн е одобрен минатата недела и откако ќе бидат решени сите админстративни барања ќе почне негова имплементација.

– Во тек на проектот ќе биде поддржано доброволно враќање на илегални имигранти моментно стационирани во БиХ и ќе им биде дадена конкретна помош за нивно враќање, изјави тој.

Швајцарија и БиХ потпишаа Меморандум за разбирање на 14 април 2009 година кој се однесува на партнерство во миграции покриен со 4-годишна стратегија која застапува интереси на двете држави.

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина