Доколку нема нов политички договор, изборите во БиХ ќе се одржат во октомври

Од:

Претседателот на Централната изборна комисија на БиХ (ЦИК), Жељко Бакалар, денеска најави дека изборите ќе се одржат во октомври доколку пред тоа нема промена на изборниот закон, со што би се промениле роковите како што се сега дефинирани.

– Нема уставни или законски пречки за организирање општи избори и спроведување на изборните резултати, изјави Бакалар, коментирајќи ги можните последици од неуспехот на разговорите за измените на изборниот закон, спроведени зад затворени врати во Неум минатата недела со американски и европски дипломати.

Лидерите на хрватските и бошњачките партии не успеаја да се договорат за спротивставените ставови за тоа како да се изберат двајца членови на Претседателството на БиХ од Федерацијата, ниту за можното намалување на овластувањата на Домот на народите на ентитетскиот парламент.

– Доколку дојде до промена на изборниот закон, тогаш може да има промена. Бидејќи е очигледно дека не се зборува за тоа, ќе постапиме според важечкиот закон, рече Бакалар.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски