Мораме да најдеме заеднички одговори на проблемите што го мачат српскиот народ – од Косово до Црна Гора и Хрватска, па затоа ни треба заедничка српска политика за целиот регион, изјави претседателот на Република Српска, Милорад Додик.
Мораме да видиме каде сме, што ни се случува, што е во наш интерес и заеднички да се бориме за тој интерес, вели Додик во интервју за весникот „Вечерње Новости“.
Тој нагласува дека на првата средба со српскиот претседател Томислав Николиќ ми порачал дека „сега е време, без разлика колку и тоа да е тешко, да го соберат народот околу заедника цел“.
Низ ова мораме да минеме заедно. Сега постои шанса да се исправат сите грешки од изминатите 20 години. Овој миг бара мобилизација, а не деструкција. Тоа пак бара одговорност од сите. Собирањето е единствената економска програма што ние можеме да ја понудиме. Не постои никакво волшебно стапче со кое Србија ќе привлече милијарди. Тоа мора сите да го сфатат, додава Додик.
Тој натаму во интервјуто нагласува дека сака да го иницира прашањето за заштита на српскиот народ независно „каде и да се наоѓа“. – Сметам дека тоа е моја обврска и обврска на сите што се наоѓаат на места на кои се носат оддлуки, потенцира Додик.
Претседателот на Република Српска оценува дека меѓународниот фактор досега водел политика која била насочена кон намалување на значењето на Србија, за што, според него, Белград до некаде е и сам виновен поради неговата пасивност во односите со светот.
Србија е најмоќна држава на Балканот и мора да стане свесна за тоа. Основна цел на големиот е другите да ги направи мали. Ако прифатите да бидете мали, тогаш ќе бидете целосно понижени и изгазени. Србија мора да си го врати своето место, наведува Додик. Додик: Време е Србите да се соберат околу заедничка цел
Белград, 10 август 2012 (МИА) – Мораме да најдеме заеднички одговори на проблемите што го мачат српскиот народ – од Косово до Црна Гора и Хрватска, па затоа ни треба заедничка српска политика за целиот регион, изјави претседателот на Република Српска, Милорад Додик.
– Мораме да видиме каде сме, што ни се случува, што е во наш интерес и заеднички да се бориме за тој интерес, вели Додик во интервју за весникот „Вечерње Новости“.
Тој нагласува дека на првата средба со српскиот претседател Томислав Николиќ ми порачал дека „сега е време, без разлика колку и тоа да е тешко, да го соберат народот околу заедника цел“.
– Низ ова мораме да минеме заедно. Сега постои шанса да се исправат сите грешки од изминатите 20 години. Овој миг бара мобилизација, а не деструкција. Тоа пак бара одговорност од сите. Собирањето е единствената економска програма што ние можеме да ја понудиме. Не постои никакво волшебно стапче со кое Србија ќе привлече милијарди. Тоа мора сите да го сфатат, додава Додик.
Тој натаму во интервјуто нагласува дека сака да го иницира прашањето за заштита на српскиот народ независно „каде и да се наоѓа“. – Сметам дека тоа е моја обврска и обврска на сите што се наоѓаат на места на кои се носат оддлуки, потенцира Додик.
Претседателот на Република Српска оценува дека меѓународниот фактор досега водел политика која била насочена кон намалување на значењето на Србија, за што, според него, Белград до некаде е и сам виновен поради неговата пасивност во односите со светот.
– Србија е најмоќна држава на Балканот и мора да стане свесна за тоа. Основна цел на големиот е другите да ги направи мали. Ако прифатите да бидете мали, тогаш ќе бидете целосно понижени и изгазени. Србија мора да си го врати своето место, наведува Додик.