Претседателот на Република Српска, Милорад Додик во писмото испратено до генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун наведува дека тероризмот, како сериозен предизвик пред кој се наоѓа БиХ, го покажал трагичното лице на 27 април во смртоносниот напад на радикални исламисти врз полициската станица во Зворник.
– Меѓу уапсените во врска со нападот се наоѓа најмалку еден повратник од борбите во Сирија, нагласува Додик, пренесува Фена.
Тој писмото го испратил заедно со редовниот извештај кој Владата на РС го упати до Советот за безбедност на ОН, а во кое посебен акцент се става на силната поддршка на новата иницијатива на ЕУ за БиХ, како и на потребата од децентрализирана федерална структура на БиХ.