Додик: Сите платеници од БиХ кои се борат во Украина треба да бидат казнети по враќањето во земјата

Од:

Српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик изјави дека сите платеници од Босна и Херцеговина кои се борат во Украина треба да бидат казнети по враќањето во таа земја.

Тој синоќа рече дека не бил информиран дека има државјани на БиХ кои се борат во Украина, додавајќи дека постои закон со кој се забранува заминување на нејзините граѓани на странски боишта.

– Очигледно, тоа е направено тајно, надвор од институциите и секој што ќе се врати треба да биде казнет според важечкиот закон, изјави Додик.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека 167 државјани на БиХ се меѓу платениците кои се борат на страната на Украина.

Тиа прецизираа дека од тој број 17 се вратиле во своите домови, додека 24 загинале.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина