Додик: Република Српска ќе биде независна држава

Од:

Република Српска е единствена самоодржлива заедница во Босна и Херцеговина и уверен е оти еден ден ќе биде независна држава изјави претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

„Република Српска е единствена самоодржилва заедница во БиХ во економска, политичка и секоја друга смисла. Никој друг не може тоа да го тврди, ниту Федерацијата, ниту БиХ, кои се на инфузија и на помош од меѓународната заедница“, истакна Додик во интервју за „Вечерње новости“.

Тој додаде дека инвестиции од две милијарди евра во овој момент нема ниту една држава на Балканот, но ги има РС.

„Нека ме демантираат ако не сум во право. Реализиравме многубројни проекти, луѓето знаат дека РС е дополнително стабилизирана и е фактор во одлучувањето во БиХ“, наведува Додик.

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина