Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека притисоците на Американците врз РС во намера да направат унитарна и централизирана Босна и Херцеговина не престануваат, иако сега тие притисоци се побенигни.
Во интервју за денешниот број на „Политика“ најновите критики на заменикот-помошник државен секретар на САД Филип Рикер за книжењето на воениот имот, кој го обвини Додик за застојот на Бих во приближувањето кон НАТО, претседателот на РС ги оцени како непримерно однесување на еден дипломат.
Напоменувајќи дека воениот имот е решен со дејтонскиот договор и според уставот тоа прашање никогаш не било во надлежност на БиХ, туку на ентитетите, Додик оцени дека концептот на БиХ кој го заговарале Американците дефинитивно е во криза.
Претседателот на РС смета дека САД никогаш сериозно не сакале спроведување на Дејтонскиот договор, туку веднаш почнале со негово уривање. – Тоа е еден континуитет и секогаш на тој пат им пречат некои личности и некои партии, вели Додик.
Тој дополни дека не верува во одржливоста на БиХ и тоа е, според него, проблем на Рикер.
Додик вели дека БиХ не може во НАТО без согласност на РС и поради тоа ги прозиваат и него и РС. Тој рече дека Србите и РС имаат проблем со НАТО, кој ги бомбардирал и застанал на едната страна во војната во БиХ, Додик вели дека народот на РС на референдум ќе се изјасни дали сака во НАТО.