„Од Сребреница цело време има обид да се направи лошо место за Србите со тврдењето дека е извршен геноцидм а јас токму овде тврдам дека не е извршен геноцид“, рече претседателот на Република Српска, Милорад Додик, на предизборниот митинг во Сребреница.
„Немаше геноцид. Постоеше план според кој одредени странци и бошњачки политичари сакаа да ни ја наметнат вината и одговорноста за нешто што не сме го направиле“, рече Додик.
Важно ми е Сребреница да се развива и Србите во овој град да не се понижени како што беа досега.
„За злосторствата кои се случија во Србреница треба да одговараат тие што ги направиле, но не смее да се занемари одговорноста и на другата страна за 28.000 српски жртви. Одговорите на овие прашања треба да ги дадат судовите, а не било кој од политичарите“, рече Додик.