Претседателот на Република Српска Милорад Додик на денешната прес конференција одржана по средбата со претседателот на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ, вербално ја нападна новинарката на Бета Љиљана Ковачевиќ.
Откако таа се обиде да му постави прашање на Дачиќ, Додик реагираше на прашањето: „Што бараш ти тука?“.
Таа одговори дека седиштето на претседателот на Република Српска е јавна институција и дека влезот не е забранет, а тој и одговри „Не е забранет влезот, ама не знам како немате срам да доаѓате тука на начинот на кој работите?“.
„Овде јас сум домаќин, а не вие. Оваа госпоѓа шири дезинформации за Владата на Република Српска преку нејзината агенција Бета, а никогаш се нема извинето. Зашто лажете, и немојте веќе да доаѓате овде. Можете веднаш да излете надвор. Бришете од тука!“, рече Додик.
Новинската агенција Бета пред неколку години прва објави информации дека тогашниот премиер на Р. Српска, Дoдик е под истрага во врска со изградбата на зградата на владата на Р. Српска во Бања Лука и автопатот Бања Лука – Градишка.