Додик: Ми се гади од БиХ

Од:

Нов гаф на Милорад Додик, претседателот на Република Српска.

Тој рекол дека не ја сака Босна и Херцеговина .

“Јас живеам во Република Српска и се идентификувам со некои пошироки рамки. А Босна и Херцеговина не ми предизвикува никакво друго чувство освен гадење“, рекол Додик во интервју за босанскохерцеговскиот весник “Вечерњи лист“.

Според него, Сараево денес е етнички чист град во кој нема ниту Срби ниту Хрвати.

„Рејс Мустафа Цериќ, кој заминува од тоа место, иако е политички ангажиран и произведува нервоза, му пречи кога владиката Григорије го рече токму тоа. Во Сараево, ни Дедо Мраз не може во градинка, а тврдат дека Србите и Хрватите се добредојдени“, рекол Додик.

Весникот наведува дека Додик им предлага на Хрватите да не се согласат на никакво преуредување на Федерацијата БиХ,освен на основање на хрватски ентитет оти инаку повторно ќе изгубат 20 години.

Додик ја повторил приказната за формирање на нов, трет, хрватски ентитет кој би се нарекувал Херцег Босна и би постоел покрај Република Српска и Босна, а на ниво на БиХ треба да останат ресорите како надворешна политика, безбедност и надворешна трговија.

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина