Додик: БиХ нема да стане членка на НАТО

Од:

Екс претседателот на Република Српска – Милорад Додик, денес изјави дека БиХ нема да стане членка на НАТО, бидејќи Република Српска е против тоа, нагласувајќи дека Српска се обидува да го зголеми интензитетот на соработката со Русија во сите области.

„Нашата политика не вклучува членство во НАТО. Се обидуваме да го зголемиме интензитетот на соработката со Русија во сите области – во спортот, културата, науката, политиката“, рече Додик за Тасс.

Тој истакна дека ништо не е променето во политичкиот избор на српскиот народ.

„Србите ја сакаат и продолжуваат да ја поддржуваат Русија. Русија сега е во оправдана и разбирлива состојба на одбрана и се надеваме дека ќе излезе како победник“, рече Додик.

Тој истакна дека само обновената соработка со Русија може да ја спаси Европа од колапс, чиј економски успех во голема мера се темелеше на пристап до руски ресурси по поволна цена.

„Сега кога помина, ја гледаме Европа во тешка економска ситуација. Нивните индикатори се многу ниски. Има рецесија, проблеми со приливот на мигранти. Сè што се случува сега на крајот би можело да ја уништи Европа“, рече Додик.

Во иднина, истакнува Додик, Европа може да остане успешна само ако Русија ѝ помогне и се надева дека тоа ќе се базира на економски принципи.

„Добро беше да се развие германската економија кога добија евтин гас од Русија. Но, штом пристигна американскиот гас, чија цена се зголеми за трипати, германското економско чудо се распадна“, рече Додик.

Тој процени дека по завршувањето на конфликтот во Украина, најмногу ќе изгуби Европа, која веќе се соочи со големи економски проблеми.

„Кога Путин и Трамп ќе постигнат договор, ќе видиме ерозија на европските елити, која веќе започна и на крајот ќе доведе до нивен колапс“, рече Додик.

Тој оцени дека во Европа нема лидер кој би можел да направи нешто за да ги промени работите, додавајќи дека поддршката за францускиот претседател Емануел Макрон е на 12 проценти, веројатно повеќе кај мигрантите отколку кај локалното население, додека поддршката за германскиот канцелар е исто така на ниско ниво.

Би можело да ве интересира

Додик: Унгарија не нè напушти дури ни кога предизвиците беа најголеми

Горан Наумовски

Каран го победи Блануша со разлика од два отсто

Горан Наумовски

Додик: Мирот се зачувува преку почитување на Дејтонскиот договор, а не преку диктатура и политичко насилство

Горан Наумовски

Додик: Доаѓа време кога позицијата на Република Српска ќе се подобри уште повеќе

Укинати американските санкции на Додик и соработниците: Му благодарам на Трамп, голема неправда е исправена

Предраг Петровиќ

Додик: Ќе се одржи референдум