Босна и Херцеговина секојдневно покажува хронична неспособност да егзистира и преживее како држава и веќе не е прашање дали постои БиХ, туку прашањето е како на мирен начин да се раздели, изјави претседателот на Република Српска Милорад Додик.
„Тоа е единствено и суштинско прашање ако некој сака да биде рационален. Во спротивно, можеме вака да се измачуваме со години и децении“, нагласи Додик.
Според него Канцеларијата на Високиот претставник (ОХР) на меѓународната заедница во БиХ требало одмана да ја напушти земјата, истакнувајќи дека за тоа говорат и ставовите на европските земји, кои сметаат дека треба да се заврши со тоа, јави Танјуг.
Ова е тортура. Факт е дека ние тука сме жртви на некои центри на моќ кои се обидуваат да го докажат невозможното, дека БиХ може да се одржи, што е невозможно. Советот на министри речиси да не функционира, Парламентот не може да одлучува, не се почитува Дејтонскиот договор, нема подготвеност да се прифати неговата реалност и овој меѓународен договор се крши во последните 15 години на принципот за наводно јакнење на БиХ, нагласи Додик.
Тој порача дека БиХ не е функционална, ниту пак може да биде.
Во однос на вчерашното затворање на ОХР во дистриктот Брчко, Додик оцени дека станува збор за манпулација на меѓународната заедница која се обидува да се додвори на ставовите на одредени стурктури во БиХ. – ОХР требаше одамна да си замине од БиХ, нагласи претседателот на Република Српска.