До 15 часот излезноста во БиХ – 35 отсто

Од:

Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина ги објави податоците за излезноста на општите избори во земјата до 15:00 часот.

Претседателот на ЦИК Суад Арнаутовиќ рече дека е задоволен од вкупниот одѕив на гласачите до 15 часот.

„Веднаш на почетокот сакам да го соопштам одѕивот на гласачите. Вкупниот одѕив е 1.164.261 гласач или 35 отсто, што е задоволително. Различно е по ентитети. Би ги поканил сите граѓани на БиХ да излезат на гласање, убав ден е. Имаме уште време да го подигнеме тој процент“, рече Арнаутовиќ.

Тоа е за 2,2 отсто помалку отколку на изборите во 2018 година, кога во истиот период гласале 1.211.025 избирачи, што е 37,2 отсто од запишаните избирачи.

– За жал, додаде тој, имавме ситуација кога почина гласачка на избирачко место.

„Поради смрт на гласач на избирачко место затворени се две избирачки места. Двете избирачки места се отворени по пауза од два часа и ќе бидат продолжени за толку“, додаде Арнаутовиќ.

Сараевските медиуми претходно јавија дека една жена починала на гласачкото место откако доживеала епилептичен напад.

Што се однесува до приговорите, претсдателот на ЦИК вели дека досега примиле 35 приговори за прекршоци на избирачко место, а 23 пријави за прекршување на изборниот молк.

– Работата на изборната администрација ја следат повеќе од 63 илјади акредитирани набљудувачи. Што се однесува до евиденцијата на безбедносните агенции во БиХ, евидентирани се вкупно 31 настан, појасни Арнаутовиќ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

НАТО за ситуацијата во Босна и Херцеговина: Ова не е 1992 година

Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

А1он

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница