„Дневне новине“: Црна Гора предлага формирање заедничка балканска полиција

Од:

Црна Гора предлага формирање на заедничка полиција на балканските земји – БАЛПОЛ, која би била уште една форма на регионалната соработка, објави денеска подгоричкиот весник „Дневне новине“

Според идејата на црногорската Влада, во БАЛПОЛ покрај Црна Гора би партиципирале и Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Србија.

БАЛПОЛ би се занимавала со борба против криминалот, корупцијата и илегалната миграција, со што би придонела за зајакнување на регионалната соработка со цел да се поттикне европската интеграција на земјите од регионот, наведува весникот.

Според „Дневне новине“, шефот на црногорската дипломатија Игор Лукшиќ ваквата идеја неодамна во Брисел муја претставил и на еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Црногорското Министерство за надворешни работи засега нитуги потврди, нитуги демантираше ваквите тврдења на „Дневне новине“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски