Кандидатот на турската владеачка Партија на правдата и развојот Џемил Чичек е реизбран за претседател на турскиот парламент, соопштуваат турските весници.
Чичек е избран во третиот круг од гласањето со 229 гласа „за“ од вкупно 447 валидни гласови.
Другите двајца кандидати за функцијата беа пратеникот на Партијата на националистичката акција Фарук Бал и народниот претставник Осман Корутурк од Народнорепубликанската партија.
За избирот на кандидат во третиот круг од гласањето, согласно Уставот, неопходно е просто мнозинство.
Корутурк во третиот круг освои 109 гласа „за“, а Бал 47 гласа. Во изјавата по изборот Чичек посочи дека пред народот презел ветувања за изготвување нов Устав и дека продолжува на своите плеќи да ја носи оваа одговорност, пишува весникот „Сабах“.