Директорот на специјалната полиција на БиХ обвинет за неуспешно справување со протестите

Од:

Директорот на специјалната полициска Државна агенција за истрага и заштита на БиХ (СИПА), Горан Зубац е обвинет бидејќи не успеа да организира спречување на граѓанските протести во февруари, соопштија правосудните власти.

Протестите во февруари беа најсериозните граѓански собири во Босна по завршувањето на војната во 1995 година.

Зубац е обвинет бидејќи не ги земал предвид повиците на полициското раководство да распореди свои сили за време на протестите, кои се одржаа во февруари против корупцијата и големата невработеност.

Демонстрантите запалија владини институции во неколку градови, меѓу кои и Сараево, а стотици полицајци беа повредени.

– Со намерно кршење на законот и други одредби Горан Зубац очевидно не дејствувал одговорно при извршување на своите обврски како службеник на институциите на БиХ, се наведува во соопштението на судот.

Засега нема никаква реакција од страна на Зубац, кој претходно изјавуви дека надлежна за немирите е регионалната полиција, а не полициската агениција со која тој раководи.

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик го оцени овој случај како „политичка одмазда врз српските кадри“.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници