Директор на јавно претпријатие во БиХ извршил самоубиство со огнено оружје

Од:

Никша Вулетиќ (47), директор на Јавното претпријатие „Вјетреница“ во Босна и Херцеговина, синоќа во 1 часот и 30 минути се самоубил, јавуваат утрово босанските медиуми.

Според полицискиот извештај, Вулетиќ се самоубил со истрел од ловечка пушка во селото Пеќине, општина Равно. По истрагата ќе бидат познати повеќе информации.

Оваа вест длабоко ги потресе сите жители на оваа општина, а со неверување и шок беше примена кај колегите и соработниците на Вулетиќ низ Босна и Херцеговина, но и надвор од нејзините граници.

– Вулетиќ долги години беше директор на ЈП „Вјетреница“. За време на неговото управување со оваа компанија. Многубројните проекти што ги создаде придонесоа Вјетреница од година во година да бележи одлични резултати, објавија босанските медиуми.

Посебно ќе остане запаметена неговата борба Вјетреница да биде номинирана за вклучување во списокот на заштитено природно наследство на УНЕСКО. Меѓу медиумските работници беше познат како одличен домаќин и соговорник.

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина