Компанијата „Флај Јордан“ ќе започне со директни летови од Сараево до Аман, изјави Мато Зеко, амбасадор на БиХ во Јордан.
Летовите ќе се реализираат еднаш во неделата, од 20-ти јули до крајот на октомври, а ако има интерес за линијата, отворена е и можноста да функционира цела година.
Во Аман, кој има околу 4,5 милиони жители, постои голeм интерес за туристичка посета на БиХ, истакнал Зеко.
„Најголема пречка беше издавањето визи, но сега ја уредивме таа област, така што оние кои поседуваат јордански патни исправи, максимум за три дена добиваат виза за БиХ, доколку секако ги поминат безбедносните проверки во Министерството за безбедност. Тоа значително го зголеми интересот за патување во БиХ“, изјави Зеко.