Дипломатски скандал на Лагумџија во Њујорк

Од:

Министерот за надворешни работи на БиХ, Златко Лагумџија предизвика вистински дипломатски скандал на дебатата на 68-от собир на Генералното собрание на ОН, бидејќи во салата влезе во моментот кога американскиот претседател, Барак Обама, веќе држеше говор, а не на отварањето.

Лагумџија поради доцнењето, ги пропушти говорите на генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, како и обраќањето на претседателот на Генералното собрание на ОН, Џон Еш, потврдија учесниците на мисијата на БиХ при ОН.

-Додека зборуваше Обама сите седеа на своите места и слушаа. Лагумџија влезе среде говорот, што е недозволиво. Тоа е дипломатски скандал-истакнаа членовите на мисијата на БиХ при ОН.

Лагумџија продолжи со скандалот и подоцна, бидејќи не се појави на заседанието, додека држеше говор претседателот на претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ.

Познато е дека Комшиќ го напушти Лагумџијин во СДП токму поради неговите самоволни чекори и одлуки во партијата.

-Тој и претходно имаше неколку дипломатски скандали, но ова е навистина срам за БиХ. Неприфатливо е такво однесување на шефот на дипломатијата на која било држава-изјави за „Новости“, пратеникот на СНСД во парламентот на БиХ, Славко Јовичиќ.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски