(ВИДЕО) Дијана Хрка го прекина штрајкот со глад

Од:

Дијана Хрка објави дека го прекинува штрајкот со глад пред собранието на Србија во Белград, што траеше 16 денови.

„Кога реков дека се оградувам од студентите и граѓаните, ме разбраа погрешно. Се оградив за никој да не штрајкува со мене. Ќе ги повикам студентите и граѓаните на состанок за да се договориме, добив благослов од двајца свештеници да го прекинам штрајкот, од медицинските работници, од децата повик да го прекинам штрајкот со глад. И јас од денеска ќе го прекинам штрајкот“ – рече Хрка.

„Можам да направам многу повеќе ако сум жива, и ќе направам, ќе поместам многу граници“ – рече Хрка.

Синот на Дијана Хрка загина во падот на бетонската настрешница лани во Нови Сад.

Дијана Хрка го започна штрајкот со глад на 2 ноември, ден по големиот комеморативен собир во Нови Сад одржан на годишнината од несреќата, барајќи надлежните органи да ги испрашаат и приведат сите лица осомничени за падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, a да ги ослободат сите притворени студенти и да распишат вонредни парламентарни избори.

Би можело да ве интересира

Дијана Хрка повторно е примена во болница поради влошена здравствена состојба

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дијана Хрка 11 дена без храна, состојбата и е лоша

ВИДЕО: Замолив да го прекине штајкот со глад, Вучиќ вели разговарал со Дијана Хрка

Катерина Ѓуровски

Вучиќ ја замоли Дијана Хрка да го прекине штрајкот, таа му порача: Дојди тука да разговараме, пред сите!

А1он