Десетици илјади селани ги напуштија домовите во Индија поради стравот од насилства

Од:

Десетици илјади селани ги напуштија своите домови поради страв од насилства во кои во изминатите неколку дена загинаа најмалјку 18 лица на североистокот на индиската држава Асам.

Шефот на асамската полиција Ј.Н. Чудури изјави дека десет лица се водат како изчезнати од избивањето на судирите околу земјиштето во дистриктот Кокраџхар меѓу припадниците на заедницата Бодо и муслиманските доселеници.

Насилството се прошири на уште два соседни дистрикта, а полицијата ги пронајде телата на убиените со мачети, оставени во џунглата, на патиштата или по брегот на реката.

Властите испратија воени сили да го запрат насилството и отворија неколку прифатни центри за околу 30.000 лица, главно жени и деца кои ги напуштија селата.

Би можело да ве интересира

Најмалку 100 лица загинаа во невреме во Индија

Горан Наумовски

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Земјотрес го погоди пограничниот регион на Мјанмар и Индија

Горан Наумовски

Се урна зграда во Индија, двајца загинати, 12 спасени

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени