Десет млади ракометари од Бурунди кои исчезнаа во Хрватска, сега се „појавија“ во Белгија

Од:

На деветти минатиот месец хрватската полиција доби пријава за исчезнување на десет млади момчиња (родени 2006 година) кои излегле од студентскиот центар во Риека, каде престојувале за време на Светското кадетско првенство во ракомет што се одржуваше во градот.

Од страна на полициски службеници преземени беа повеќе мерки и дејствија со цел пронаоѓање на лицата и утврдување на сите релевантни факти и околности за нивното исчезнување.

„Преземајќи мерки и дејствија, граничното управување доби известување од белгиската миграциска служба дека десет малолетници без придружба во Белгија побарале азил. Исто така, досега е утврдено дека двајца од десет државјани на Бурунди се членови на ракометната репрезентација на Бурунди. Полицијата ја продолжува интензивната соработка со миграциската служба на Белгија со цел да се утврди идентитетот на останатите граѓани на Бурунди од таа група, со оглед на тоа што постои видлива случајност и постои голема можност останатите осум граѓани на Бурунди да се истите играчи кои доброволно ја напуштиле Хрватска илегално, а со цел да поднесат барање за азил со секундарна миграција во Белгија“, извести полицијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО На сцената во Загреб излегоа сребрените хрватски ракометари

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хрватските ракометарите пристигнаа на плоштадот Бан Јелачиќ, ги дочекаа со песна

(ВИДЕО) Панорама од пречекот на хрватските ракометари

Хрватските ракометари слетаа во Загреб, ги чека преполниот плоштад Бан Јелачиќ

Масакр во Бурунди: Убиени се најмалку 20 луѓе, меѓу нив 12 деца, две бремени жени и еден полицаец

Горан Наумовски

Мистериозни исчезнување во Хрватска: Нема трага ни глас од 10 ракометари од Бурунди