Десет години затвор за косовскиот имам Ќазими

Од:

Основниот суд во Урошевац му изрече казна затвор во траење од десет години на имамот Зекирија Ќазими, кој беше обвинет за регрутирање за тероризам и поттикнување омраза и национално, расно и етничко нетрпение.

Заедно со поранешниот имам на џамијата „Ел-Кудус“ во Гњилане, судот им изрекол затворски казни и на шест други обвинети лица за поврзаност со тероризам.

Во соопштението на Судот за медиумите, Илир Бериша е осуден со казна затвор во траење од осум години,Садат Топојани со седум и пол години,Бурим Балази со четири и пол години,Ј.К. четири, Л.К. со три и И.К. со пет години затвор.

Против имамот Ќазими и шесте други осудени лица, Специјалното обвинителство на Косово покрена обвинение во јануари 2015 година а тие беа уапсени во текот на 2014 година.

Ќазими се смета за блисок соработник на Лавдрим Мухаџери, од косовски Качаник, кој е водач на албанските џихадисти во Сирија,како и на неговата десна рака Ридван Хаќиви.

Ќазими регрутирал џихадисти за терористичките групи ИД и Фронтот Ал Нусра, а бил и главен поттикнувач на џихад преку јавни предавања.

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Повик за голем митинг во Република Српска, пресудата за Додик пат кон распад на Босна и Херцеговина

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

Вучиќ со воз кон Сремска Митровица: Очекувам 120 илјади луѓе

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац