Депардје вечерва на средба со црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ

Од:

Познатиот француски актер Жерар Депардје, кој допатува во Црна Гора, вечерва ќе се состане со црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, сооопштено беше во Подгорица.

Црногорската влада соопшти дека Депардје, чии филмски остварувања ја одбележаа светската филмска сцена на крајот на 20. и почетокот на 21. век, во моментов престојува во Црна Гора.

По разговорите меѓу Ѓукановиќ и Депардје во вилата „Горица“, предвидени се изјави за медиумите.

Депардје се најде во центарот на вниманието на јавноста откако се откажа од француското државјанство, лут на критиките откако се спротивстави на воведувањето на данок од 75 отсто за најбогатите Французи.

Актерот во меѓувреме доби руски пасош.

Тој денеска требаше да се појави пред суд во Париз заради обвинение дека возел скутер во пијана состојба.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски