Претседателството на Босна и Херцеговина денеска го номинира Денис Звиздиќ од Партијата за демократска акција за претседател на Советот на министри.
Звиздиќ беше предложен по договорот меѓу партиите, составени од мнозинството во Парламентот. Тој досега беше на раководни функции во Владата и Парламентот на Федерацијата БиХ. Звиздиќ е близок соработник и со лидерот на Партијата за демократска акција и член на колективното претседателство Бакир Изетбеговиќ.
Номинацијата на Звиздиќ треба да биде потврдено на седница на Домот на претставници на Парламентот на БиХ на 11 февруари. Тој во рок од еден месец треба да предложи нови министри. Составот на Советот на министри исто така треба да биде потврден од Парламентот.