Денеска во Црна Гора се одржува вториот круг од претседателските избори

Од:

Во Црна Гора денеска се одржува вториот круг од претседателските избори на кој граѓаните на таа земја ќе го изберат шефот на државата меѓу Мило Ѓукановиќ и Јаков Милатовиќ. Право на глас на изборите за претседател на Црна Гора имаат 542.154 граѓани, а избирачките места ќе бидат отворени од 7 до 20 часот, додека првите (прелиминарни) резултати ќе бидат објавени во 21 часот.

Мило Ѓукановиќ, актуелниот претседател на Црна Гора и кандидат на неговата Демократска партија на социјалистите (ДПС), освои 35 отсто од гласовите во првиот круг на 19 март. За време на кампањата тој се претставуваше како проевропски кандидат и го обвини Милатовиќ дека е експонент на великосрпската политика на Александар Вучиќ.

Контракандидатот Јаков Милатовиќ од Движењето Европа сега освои 29 отсто од гласовите на гласачите кои излегоа на гласање во првиот круг. Тој е поранешен министер за економски развој во првата влада формирана по парламентарните избори одржани во август 2020 година, на кои ДПС на Ѓукановиќ го загуби мнозинството во парламентот за првпат по три децении.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски