Дендиас во Тирана: Во Хаг ќе се реши прашањето за морската граница

Од:

Грција бара забрзување на дијалогот и испраќање на прашањето за морската граница меѓу двете земји, што поскоро, за решавање во Хаг, врз основа на ова и на начелниот договор потпишан пред две години во Албанија. Токму во овие рамки на разговори на политичко ниво, денеска во Тирана престојуваше шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас.

-Да се направи компромис и да одлучиме специјалниот договор да го испратиме до судот во Хаг, во врска со разграничувањето на границата и прашањето за континенталниот гребен, рече Дендиас на заедничката прес-конференција со неговата албанска колешка Олта Џачка.

И официјална Тирана, потврди Џачка, изразува волја за забрзување на овој процес и „барање компромис“ што ќе овозможи да се предаде случајот до Меѓународниот суд на правдата.

-Постои разбирање за решавање и барање решенија за целиот спектар на прашања, колку и да се тешки, кои сме ги наследиле од историјата, додаде таа, но, без конкретно набројување кои прашања.

Дендиас изрази подготвеност за решавање на воениот закон и другите два договора, едниот за „избегнување епизоди на границата“ и одржување на граничните пирамиди, се она, како што рече, што ќе испрати порака до меѓународната заедница дека меѓународното право на морето претставува основа за решавање на сите меѓудржавни разлики и оти со заземање општ пристап, тоа ќе отвори ново поглавје во меѓусебните односи.

Посочил дека „грчкото малцинство во Албанија и албанската заедница во Грција се сметаат за два моста меѓу двата народа“.

Тој зборувал и за заеднички проект во рамките на заштитата на реката Вјоса, чии детали, нагласил ќе се дознаат при утрешната посета на премиерот Мицотакис на Албанија.

Се фокусираше и на тензичната ситуација на северот на Косово.

-Тука сум по посетата на Белград и Приштина. Сакам да ви биде јасно, дека мирот и стабилноста се примарен дел за нас. Пред нас е многу конкретен чекор кој мора да го истуркаме, а тоа е ескалацијата на северот на Косово. На средбите што ги имав во Белград и Приштина го подвлеков дијалогот меѓу двете земји, изјави тој.

Дендиас се задржа и на патот на членството на Албанија во Европската унија, каде ја изрази поддршката на неговата земја.

-Разговаравме и за енергетиката и за договорот меѓу Албанија и Грција во однос на енергетиката. Зборувавме за најмногу инвестиции во Грција и Албанија. Би сакал да се осврнам и на европската перспектива на Албанија. Грција беше голем поддржувач на Албанија на европскиот пат. Оваа порака ја пренесов и до Белград, Приштина и овде, рече меѓу другото Дендиас.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Дендиас: Апсолутно сум добро, со две гребнатини од падот

А1он

На Дендиас му се слошило за време на литургија на Света Гора

А1он

Дендиас во дводневна посета на Света Гора, прва на грчки МНР по пауза од 11 години

Дендиас во Приштина: Грција го поддржува зачленувањето на Косово и Западен Балкан во ЕУ

А1он

Вучиќ на слава ги повика Дачиќ и Дендиас: Ви благодарам што ја почестивте куќата

А1он

Дендиас во Белград: Грција го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина

А1он