ФОТО: Демонстранти пред Парламентот на БиХ бараат усвојување на закон за ЕМБ

Од:

Над 1.000 лица денеска формираа жив синџир околу Парламентот на Босна и Херцеговина, тврдејќи дека нема да дозволат ниту еден партеник да излезе од зградата додека не биде усвоен Законот за единствен матичен број (ЕМБ), пренесува БТА.

Босанските законодавци од почетокот на годината не можат да се договорат за редоследот на нумерирање на регионте и како резултат на тоа сите деца родени годинава се без матичен број.

Без единствен матичен број новородените бебиња не можат да добијат пасош или медицински книшки, кои им се потребни да бидат прегледани на лекар.

Протестот почна вчера со демонстрации на одделни мали групи, а денеска прерасна во масовна акција. Формален повод за протестот е случајот со сериозно болно тримесечно бебе, што поради немањето матичен број не може да биде испратено на лекување во странство.

Фото: Аваз

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина