Двајца демобилизирани борци од Какањ, кои веќе 26 денови демонстрираат пред владата на Федерацијата на БиХ во Сараево се обидоа денеска да се самозапалат.
На терен излегоа пожарникари, Брза помош и полиција кои штрајкувачите незадоволни што немаат вработување ги спречија во намерата да го направат тој трагичен чин, јавуваат сараевски медиуми.
– Ние сме пред Владата барајќи каква било работа. Вака веќе не може, велат Ќазим Бајриќ и Намир Пипо кои самозапалувањето сакаа да го извршат откако се полеаја со бензин.
По инцидентот беа примени од министерот за боречки прашања Салко Букваревиќ кој им ветил помош – дека од 1 септември ќе може да работат во рудникот Какањ.