Делавекурас: Со уцени Скопје дојде до придавката „македонски“

Од:

Во врска со употребата на придавката „македонски“ во Извештајот на ЕК, портпаролот на Министерство за надворешни работи на Грција, Григорис Делавекурас, рече дека македонската Влада „на некој начин се обидела да ја уцени Европската комисија велејќи дека нема да го прими извештајот, и такво однесување не е соодветно за земја кандидат“.

„Одлуката за одредување датум за почеток на пристапните преговори на Македонија ја носи Европскиот совет и државите членки, и Грција јасно ќе го изложи својот став на самитот на ЕУ во декември“, изјави Делавекурас, коментирајќи го последниот извештај на Европската комисија за Македонија, јави дописникот на МИА од Атина.

Делавекурас потсети на Меморандумот за разбирање кој грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос му го испрати на шефот на македонската дипломатија Никола Попоски велејќи дека „Грција направи многу позитивен и конструктивен предлог за кој има позитивна реакција од сите страни“.

„ Немаме официјална реакција од Владата,   освен белешката од  дипломатскиот дневник. Од друга страна имавме изјава од еврокомесарот Штефан Филе дека предлогот е сериозен и оти се надева дека Владата ќе одговори позитивно. И ние чекаме реакција затоа што сметаме дека предлогот може да биде катализатор за да продолжиме понатаму“,  изјави   Делавекурас.

Би можело да ве интересира

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот