Дејан призна дека ја задавил Данка, деталите се страшни

Од:

Дејан Драгијевиќ (50) синоќа на рочиштето во Вишото јавно обвинителство во Заечар признал дека ја задавил Данка Илиќ, дознава Блиц.

Според информации на Блиц, сослушувањето на Дејан Драгијевиќ траело над два часа. Тој му откри и на обвинителството дека имал помагачи да го извадат телото на Данка Илиќ од депонијата. Рече дека татко му и брат му, му помогнале да се ослободи од телото, вели извор на „Блиц“ запознаен со случајот.

„Срѓан Јанковиќ се бранеше со молчење. За разлика од него, второосомничениот Дејан Драгијевиќ речиси два часа детално зборуваше за се што се случило. Тој рече дека откако ја удрил автомобилот, малата Данка паднала, и дека излегол од совозачкото седиште му пришол на девојчето и веднаш почнал да ја дави со голи раце. Тој со сета сила и го стегнал вратот и таа, според негова проценка, многу брзо престанала да дише. Потоа и го ставиле телото во багажникот, па го фрлиле на депонија“, пишува српски „Курир“, повикувајќи се на неофицијални извори од Обвинителството.

„Она што е целосно нејасно е зошто двајцата кријат каде е телото. Очигледно е дека подоцна го преместиле телото, и зошто им е најважно телото да не биде пронајдено, останува нејасно бидејќи веќе имало тешко убиство, не може да им биде полошо“, вели за српски „Курир“ извор близок до истрагата.

Би можело да ве интересира

Таткото на осомничениот за убиството на Данка вели: Мојот син е наместен

Осомничениот за убиството на Данка тврди: „Не ја убив, не ја ни видов“

Горан Наумовски

Еден од осомничените за убиството на Данка го прекинува молкот

Осомничените за убиството на Данка Илиќ по психијатриско вештачење се вратија во притвор

Почина мајката на осомничениот за убиството на малата Данка

Двајца нови сведоци ќе сведочат за исчезнувањето на малата Данка