Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска телефонски разговараше со лидерот на ирачките Курди, Масуд Барзани и му вети дека ќе бидат преземени сите мерки за неутрализирање на заканата, која ја претставува Курската работничка партија (ПКК).
– Ќе ги преземеме сите неопходни мерки се додека не ставиме крај на нападите на ПКК, истакна Давутоглу.
Барзани од своја страна изрази „поддршка за позицијата на Турција против терористичките групи во регионот“.
Разговорот се случи откако минатата ноќ турските воздушни сили извршија напад врз објекти на ПКК во северниот дел на Ирак.