Дарко Шариќ не се наоѓа во Црна Гора, тврди полицијата

Од:

Црногорската полиција синоќа соопшти дека, според нејзините сознанија, нарко-босот Дарко Шариќ, кој е во бегство, не се наоѓа на територијата на оваа земја.

Полицијата, реагирајќи на наводите на белградскиот весник „Блиц“ дека Шариќ се крие во Црна Гора од каде што води преговори со српските власти за негово предавање, истакна дека станува збор за невистинита информација.

– Според сознанијата на Управата на полицијата на Црна Гора и врз основа на размената на оперативните податоци на меѓународно ниво со полициите и партнерите, српскиот државјанин Дарко Шариќ не се наоѓа во Црна Гора, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски