Сите очи се вперени во таткото на осомничениот Дејан Драгијевиќ(50) за убиството на Данка, откако братот на Дејан, Далибор почина од последици од срцев удар во притвор, a самиот осомничен Дејан одбива да каже каде го преместил телото иако признава дека му помогнал на братот да се лиши од трупот.
Според српски „Блиц“, Далибор по апсењето ја водел полицијата околу имотите на неговото семејство во селото Злот кое се наоѓа на 30 километри од градот Бор. Со нив отишол на неколку различни локации, но телото на Данка уште го нема.
Според исказите на Дејан телото било прво закопано во депонија покрај Старобањскиот пат кај Бањско поле, но два дена подоцна било преместено на друга локација.
Братот Далибор беше уапсен затоа што осомничениот Дејан во двочасовно испрашување признал дека имал помош од брат му и од татко му. Според исказите на Дејан телото било прво закопано во депонија покрај Старобањскиот пат кај Бањско поле, но два дена подоцна било преместено на друга локација.
Додека српската полиција повеќе од 10 дена неуморно раскопува кај Старобањскиот пат, сосетка од Бор за српските медиуми се сомнева дека телото може да било фрлено во бунар:
Таткото на Далибор и Дејан, Раде Драгијевиќ, за „Блиц“ непосредно пред апсењето изјави дека полицијата му ги одзела сопругата и вториот син:
– Што да кажам кога не знам ништо. Да имав добри информации, па да можев да кажам нешто, но немам. Требаше да ме сослушаат синоќа, но не дојдоа. Сега дојдоа само по жената. Околу 18 часот со службен автомобил дошле двајца полицајци и ја однеле да даде изјава. Сега сите се таму, само јас останав дома.
Тој тврдеше дека е во шок и дека не знае што се случува, а за двата сина рече дека „не се такви“.
– Слушам на телевизија, има манипулации за сè и сешто. Не знам што се случи, но не верувам дека тоа што се зборува е вистина. Дејан никогаш не бил таков. Не го познавам како таков. Тој не беше агресивен со мене или ништо такво. Ниту тој, ниту другиот син Далибор – зборува таткото за синовите.
Во саботата, во придружба на полицијата, Дејан Драгијевиќ бил донесен пред куќата во која живее во селото Злот, додека цистерна ја испумпувала септичката јама околу куќата во потрага по телото на Данка Илиќ, но ништо не било пронајдено.
Полицијата од куќата на Драгијевиќ извадила вреќи со докази, а од едната вреќа се ѕиркала рачка слична на рачка од лопата или од ашов. Тој предмет ќе биде испратен на вештачење за да се утврди дали е употребен во кривично дело.
Додека во Србија се зборува за тоа дали на убијците на Данка ќе им следува максимална казна и дали треба да се врати смртната казна во уставот, Братислав Гаговиќ, поранешен началник во српската полиција за телевизија Курир изјави дека доколку мажите го однеле девојчето во болница откако го удриле можеле да добијат казна од 3 до 5 години затвор.