Српскиот премиер Ивица Дачиќ денеска во Брисел изјави дека очекува безусловна одлука за отпочнување на преговорите и оти тоа би била историска одлука за Србија.
– За нас најважно е Србија да добие безусловна одлука. Мислам дека тоа ќе биде една историска одлука, истакна Дачиќ.
Тој посочи дека Србија ќе продолжи со имплементацијата на се што е договорено во дијалогот со Приштина.
– Србија мора да се сврти кон нови преговори, тие за членство во ЕУ. Ние не сакаме тие разговори да ги водиме 10 години, туку што побрзо да влеземе во ЕУ, наведе Дачиќ.