Цвијановиќ го предложи составот на новата Влада на РС

Од:

Мандатарката за состав на новата Влада на Република Српска, Жељка Цвијановиќ го поднесе експозето и го предложи новиот состав на кабинетот во Народното собрание на РС.

Таа истакна дека најважна цел на новата влада е изградба на позитивна економија, зголемување на стандардот и подобар живот за сите граѓани на РС.

– Задачата на новата ентитетска влада е силна, стабилна, просперитетна, демократска РС, со зачувување на надлежностите дадени со Дејтонскоиот договор и со инстуционален капацитет кој ќе може да одговори на потребите на сите нејзини граѓани.

Таа како приоритети на новата влада ја истакна борбата против криминалот и корупцијата, а најави рестриктивни и непопуларни мерки за намалување на јавната потрошувачка.

СНСД во новата влада ќе има осум министри, Социјалистите четири, ДНС три и ХДЗ БиХ – еден министер.

Министер за финансии ќе остане Зоран Тегелтија, Драган Богданиќ и понатаму ќе го води ресорот здравство и социјална заштита, Сребренка Голиќ останува на чело на Министерството за просторно уредување, градежништво и екологија, Стево Мирјаниќ останува министер за земјоделство, а Јасмин Комиќ ќе продолжи да го води Министерството за наука и технологија.

За министер за внатрешни работи предложен е Драган Лукач, а за министер за правда Антон Касиповиќ.

Социјалистите имаат четири ресоци, претседателот на Социјалистичката партија Петар Ѓокиќ е кандидат за министер за индустрија, енергетика и рударство, Миленко Савановиќ е предложен за министер за труд и борачко – инвалидска заштита, Јасмина Давидовиќ предложена е за министерка за семејство, младина и спорт, а Предраг Глухаковиќ е предложен за министер за трговија и туризам.

Демократскиот народен сојуз ќе има три министри, Неѓо Трниниќ предложен е за министер за сообраќај и врски, досегашнат министерка за управа и локална самоуправа останува Лејла Решиќ додека министер за образование треба да биде Дане Малешевиќ.

Давор Чордаш од ХДЗ Бих останува на местото министер за бегалци и населени лица.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници