Црногорскот министер за финансии – најминистер во регионот

Од:

На црногорскиот министер за финансии Радое Жугиќ врачена му е во Сараево наградата Најминистер во регионот, на традиционална 30. церемонија избор на најменаџер и најкомпанија во југоисточна и средна Европа.

Престижната награда се доделува на министри кои со свои активности придонеле за создавање поволен амбиент за развој на бизнис и економија во регионот на ЈИЕ и Средна Европа, соопшти денеска Министерството за финансии на Црна Гора.

Признанието Личност на годината во регионот, добија претседателот на Полска, Бронислав Коморовски и претседателот на Албанија Бујар Нишани за придонесот Албанија да добие статус кандидат за членство во ЕУ.

Наградата Најменаџер на годината, во чии рамки се наградите за најминистер, најличност, најстопанственик…е воведена во 1994 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски