Црногорскиот јазик го зборуваат 41,1 отсто од граѓаните, српскиот 39,1

Од:

Според истражувањето што го спроведе „Матица црногорска“ на тема идентитетски ставови на граѓаните на Црна Гора, црногорски јазик зборуваат 41,1 отсто од граѓаните, српски 39,1 отсто, додека 11,5 проценти одговориле дека тие се исти јазици и сеедно како се нарекуваат.

Истражувањето покажало дека 29,5 отсто од граѓаните сметаат дека треба да постои само Српска православна црква, 7,1 процент оти треба да постои само Црногорска православна црква, 30,6 отсто сметаат дека треба да се обезбеди рамноправност на СПЦ и ЦПЦ, додека 32,8 немаат став за ова прашање.

На прашањето која е најголема пречка за развојот на црногорската држава, 51,3 отсто од граѓаните сметаат дека тоа се лоши политичари и во власта и во опозицијата заедно, виновници во лошата опозиција гледаат 48,8 отсто од населението, 81,9 отсто проблемот го гледаат во сиромаштијата, 77,7 во слабата економија, 75 отсто во корупција и криминал, додека 60 проценти сметаат дека не се применуваат законите на државата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски