Црногорската православна црква остро го нападна патријархот Вартоломеј

Од:

Црногорската православна црква остро денеска го нападна севселенскиот патријарх Вартоломеј кој по осветувањето на Соборниот храм во Подгорица повика на единство на православните цркви во Црна Гора и почитување на каноните. Патријархот Вартоломеј рече дека „никој нема власт да создава нови православни цркви на просторот на Црна Гора“.

– Патријархот се замислува дека е вселенски авторитет на кој треба сите да му се покоруваат, и бара бесповратна послушност и одрекување од сопствената совест и слобода за сметка на белградската патријаршија која со неговите претходници повеќепати тргуваше со разни томоси за автокефалност, изјави потпретседателот на ЦПЦ за порталот на ТВ Црна Гора.

Тој додаде дека ЦПЦ не ги интересираат ставовите на севселенскиот патријарх.

– Му порачуваме дека неговите компетенции завршуваат во границите на Турција чиј државјанин е. Вартоломеј треба да знае дека никогаш во историјата Турчин не ни ги решавал црковните прашања, па нема ниту сега, нагласи Вучиниќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски