Црногорската опозиција бара преразгледување и ги повика граѓаните на протести

Од:

Црногорската опозиција ги повика своите приврзаници да излезат на улиците со барање за преразгледување на резултатите од претседателските избори, кои се одржаа на 7 април.

Ова на својот Фејсбук профил го напиша еден од опозициските лидери Небојша Медоевиќ, додавајќи дека освен институционалните механизми опозицијата ќе употреби и други методи на борба.

– Секој граѓанин кој знае во каква состојба се наоѓаат нашето општество и државата, треба да ја заштити слободата и демократијата, честа и достоинството. Започнува „црногорската пролет“. Ќе се видиме на улиците, пишува на профилот на Медоевиќ.

Тој нагласи дека Демократскиот фронт нема да биде соучесник во создавањето на „неслободно,
нестабилно и неефективно општество“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски