Црногорската ЛП ќе предложи легализација на марихуаната во државата

Од:

Либералната партија (ЛП) на Црна Гора денеска најави дека ќе предложи црногорскиот парламент да усвои закон за декриминализација на употребата на лесни дроги, јави Танјуг.

Пратеникот на ЛП Андрија Поповиќ изјави дека партијата ќе предложи за употребата на лесни дроги во Црна Гора да не се одговара кривично, туку прекршочно.

– На овој начин, Црна Гора, ќе влезе во процес на легализација на лесните дроги, во прв ред на марихуаната, истакна Поповиќ на седницата на парламентарната Комисија за здравство, труд и социјална заштита.

ЛП е членка на црногорската владејачка коалиција со еден пратеник во Собранието на Црна Гора.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски