Црногорец се обиде да се обеси пред зградата на Владата во Подгорица

Од:

Црногорец синоќа се обиде да се обеси на бандера пред седиштето на Владата на Црна Гора во Подгорица, но во таа намера бил спречен од случаен минувач и од полицаец од владиното обезбедување.

Несуденито самоубиец Дејан Гашиќ се решил на ваквиот чекор во знак на очај, бидејќи повеќе од еден месец заедно со сопругата и осумте деца живее пред зградите на Владата и на Собранието на Црна Гора, откако при пожар остана без својот дом.

Сите досегашни барања на Гашиќ за помош од надлежните служби за решавање на неговото станбено прашање и за прехранување на семејството не вродиле со плод.

По неуспешниот обид за самубиство Гашиќ во свесна состојба е пренесен во Клиничкиот центар во Подгорица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски