Црногорец преживеал удар од гром

Од:

Адмир Личина (23) од селото Корито, кај Бијело Поље, преживеал удар од гром, што го погодил додека собирал сено, пренесоа денешните подгорички медиуми.

Таткото на Адмир, Нурко Личина, изјави дека вчера со синот и уште еден роднина собирале сено, кога почнале грмотевици, по што удрила молњата.

– Почувствував струја во левата нога. Се свртев и го видов Адмир како паѓа од сеното, како рафал од пушка да го покосил.

Адмир не давал никакви знаци на живот, односно не дишел и немал пулс, наведува Нурко Личина.

Тој додал дека на Адмир му давале вештачко дишење и муги масирале градите, но ништо не му помогнало, па со автомобил трганале кон болницата во Бијело Поље.

– Мислев дека го загубив синот и оддеднаш се ми стана црно пред очите. Во текот на транспортот, меѓутоа, не се откажавме од двањето вештачко дишење и масирање на градите, така што Адмир на половина пат до болница повторно почна да дава знаци на живот, по што и сосема се освести, наведе Нурко Личина.

Адмир Личина, како што пренесуваат подгоричките медиуми, во бјелопољската болница изјавил дека на ништо не се сеќава, освен на тоа дека почувствувал болка во левиот колк, каде во џеб од панталоните му бил мобилниот телефон.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски