Црногорците ги повлекоа производите на „Дукат“

Од:

Најголемиот продажен ланец во Црна Гора „Воли“ го повлече од своите објекти млекото на хрватскиот производител „Дукат“.

Мерката е преземена откако хрватското министерство за земјоделство соопшти дека од пазарот ќе бидат повлечени одредени производи од програмата на трајно млеко на „Дукат” и „Виндија”, поради сомение дека имаат зголемена концентрација на Афлатоксин М1, за кој се смета дека е канцероген, објави подгоричка „Побједа“.

Од друга страна, од „Дукат“ информираат дека македонските потрошувачи на нивните производи се безбедни. Хрватскиот производител денес излезе со официјално соопштение откако надлежните органи во Хрватска констатирале отстапување од пропишаните дозволени количини микотоксини кај два нивни производи.

– Компанијата превентивно ги повлече од пазарот двете ограничени серии од трајните млека кај кои е утврден сомнеж за зголемено ниво на микотоксин, со што тие не претставуваат опасност за потрошувачите, стои во соопштението.

Едниот од двата производа кај кои прелиминарните контроли покажале „минимални отстапувања од пропишаните дозволени количини“ на микотоксин – трајното млеко „Дукат“ со масленост од 2,8 отсто во тетрапак пакување од половина литар, воопшто не се увезува во Македонија.

Афлатоксините се вбројуваат во групата најканцерогени познати супстанци, а инаку се природни микотоксини кои ги произведуваат многу видови на печурки Аспергилус.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски