Црна Гора: Шуга во Бијело поље

Од:

[staff name=”Eлена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Од почеток годинава во Бијело поље околу четириесет лица побарале лекарска помош, поради шуга. Во јануари годинава регистрирани се 30 пациенти со симпотми на оваа заразна болест, додека во текот на февруари помош побарале десет лица.

Директорката на болницата, Јулија Бошковиќ изјави дека најголем број од заболените се деца од предучилишна и училишна возраст, главно од околината на градот, каде условите за живот се лоши и малку се води сметка за хигиената.

Таа додаде дека е тешко да се открие точниот број на заболените, бидејќи некои од нив директно се јавуваат кај дерматолог, а некои кај матичниот лекар.

-На родителите им советуваме да се стравуваат, но да се заштитат. Доколку некој во семејството се зарази од шуга, тогаш целото семејство мора да прима терапија – додаде таа.

Бошковиќ наведе дека пред неколку дена, четиричлено семејство е заразено од болеста. Родителите се упатени кај дерматолог, а таа ги лечела децата.

-Сепак не можеме да зборуваме дека болеста се прошири во големи размери. Во прашање се поединечни случаи кои се јавуваат како и до сега – изјави таа и додаде дека болеста бргу се лекува и нема потреба од грижа.

Инаку, пред две недели шугата е регистрирана кај четири од 49 ученици, кои се сместени во ученичкиот дом „Душан Маровиќ“, во Бар. Меѓу заразаените се и деца од Бјело Поље.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски